Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, но по влажни коловози. На одредени патни правци кои минуваат низ усеци и клисури можно е појава на поситни одрони.
„Македонијапат“ апелира до возачите да управуваат внимателно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја прилагодат брзината на условите на патот.
Дежурните екипи на претпријатието се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. За подетални информации, учесниците во сообраќајот можат да се јават на дежурниот телефон 02 25 61 502.






