вторник, 31 март 2026

Магла на патниот правец Маврово-Бунец

Намалена е видливоста до 20 метри поради магла на патниот правец Маврово-Бунец, соопшти вечерва ЈП „Македонијапат“.

Објавено на

часот

Сподели

Од претпријатието информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ