петок, 6 март 2026

Магла на неколку патни правци, во прекин товарниот сообраќај на ГП Деве Баир

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има во Пехчево, Берово, Смојмирово и во Катланово.

Објавено на

часот

Сподели

Во десет минути по полноќ бил прекинат товарниот сообраќај на влез и излез од бугарска страна на граничен премин Деве Баир, поради технички проблеми со системот.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево./

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ