сабота, 7 февруари 2026

Магла и намалена видливост на патиштата кај ГП Богородица, Стража и Маврово

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 60 метри има на патниот правец Гевгелија – граничен премин (ГП) Богородица, додека на планинскиот премин Стража и кај Маврово видливоста е намалена до 100 метри.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ