понеделник, 8 декември 2025

МАЕИ за Свети Климент Охридски: Дело што го искова идентитетот и духовниот темел на македонскиот народ

Единствената македонска партија во Албанија, Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) упати честитка по повод  најголемиот духовен празник на македонскиот народ, 8 Декември, Денот на Свети Климент Охридски, првиот словенски просветител и светилник на словенската писменост.

Објавено на

часот

Сподели

„Свети Климент Охридски остави зад себе дело што го искова идентитетот и духовниот темел на македонскиот народ. Како бескомпромисен чувар на словенската писменост, основоположник на прочуената Охридска школа и наставник на илјадници ученици, тој ја постави основата врз која се изгради македонската култура, духовност и образование“, стои во честитката.

Денес, се посочува, кога го славиме неговото наследство, се поклонуваме пред неговата мудрост и визија кои со векови го водат нашиот народ. Нека ликот и делото на Свети Климент нè потсетуваат дека само преку знаење, посветеност и единство можеме да го зачуваме и унапредиме нашето македонско културно и национално богатство.

“МАЕИ упатува искрени честитки до сите Македонци во Албанија, во Македонија и ширум светот. Нека ни е за многу години празникот на нашиот голем просветител и духовен патрон“, се посакува во честитката.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ