четврток, 2 април 2026

МАЕИ бара извинување од албански бизнисмен кој Македонците ги нарекол будалетинки

Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) остро реагираше во однос на употребата на навредливи зборови за Македонците во Албанија, од страна на познатиот албански стопанственик Ѓерѓи Луци, од кого побара јавно извинување затоа што Македонците ги нарекол будалетинки.

Објавено на

часот

Сподели

„Исто така против Луци, сопственик на компанијата Розафа поднесовме жалби до Комесарот за заштита од дискриминација и Народниот правобранител на Албанија. Во жалбите се бара јавно извинување за употребата на навредливи зборови насочени кон македонската заедница во Албанија. Тој меѓу другото Македонците ги нарекува ‘будалетинки’, без никаков повод и причина од наша страна“, информираа за МИА од партијата.

Од двете институции, но и пошироко, побарале и апелираат да се спречи употребата на навредливи зборови во иднина.

„Како партија која се залага за правата на Македонците во Албанија, продолжуваме да работиме на заштита на нашето достоинство и култура, и се надеваме на правична и сериозна реакција од надлежните институции“, очекуваат од МАЕИ.

По острата реакција на МАЕИ, Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија, упати извинување до македонската амбасада во Тирана, за етикетирањето на македонската заедница како „северномакедонска“ од страна на албанската амбасадорка во Софија, во интервју за бугарски медиум.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ