среда, 11 февруари 2026
Соопштение - демант по медиумските реакции

М-НАВ: На конкурсот се примени двајца инжинери и еден техничар

На конкурсот за Контрола на летање биле примени двајца инженери и техничари, а имало само по еден кандидат за сите седум работни места, велат од М-НАВ и додаваат дека за останатите кандидати, иако ги исполнуваат критериумите, според Агенцијата за вработување кај нив документацијата им била неуредна. Од М-НАВ сооптштението е во форма на демант и се однесува на медиумското пишување дека поради конкурсот кој бил огласен само два дена „за да го видат тие што треба“ и „неквалификуваноста на кандидатите кои одбиле да бидат интервјуирани од стручните лица во Контролата“, и одбивањата конкурсот да се поништи“, оставки поднеле еден од тројцата управни директори Љубе Стаменковски како и петмина раководители на сектори. Трите примени лица ќе минат низ обука, велат од М-НАВ

Објавено на

часот

Сподели

Во извествувањето се вели:

Согласно законот за работни односи и условите предвидени во систематизацијата се објавува оглас за инженери и техничари. Имено во систематизацијата на МНАВ за студент-инженер (приправник) пишува дека има диплома од електротехнички науки, 2 години работно искуство, лекарско уверение класа 4, познавање на англиски јазик (нивото на знаење не е наведено, што значи од А1-Б2). Интервју се спроведува доколку има двајца или повеќе кандидати кои ги исполнуваат условите за едно работно место. Во нашиот случај со инженери и техничари, имавме само по еден кандидат за сите 7 работни места. Важно е да се нагласи дека со договор овие услови се имплементирани во МНАВ пред 4 години, и за истото немаше негодување.

Примените кандидати двајца инженери и 1 техничар понатака ќе бидат на ‘он џоб’“ тренинг за АТСЕП согласно програмата за обука која ќе трае една година. Безбедноста во ниту еден случај не е загрозена, со оглед дека истите нема да бидт вклучени во оперативно делување пред стекнување на соодветно овластување од стручните инструктори. Доколку не се стекнат со горенаведеното овластување согласно систематизицијата, истото потенцирано и во самиот оглас за вработување, ќе добијат отказ од работа.

Согласно извештајот од Комисијата за избор на пристигнати апликации со редовна документација се предложени до Управен одбор пет инженери и двајца техничари. Поради нуреден статус во Агенцијата за вработување, иако беа задоволени нашите критеруими, не беа процесирани за вработување тројца инженери и еден техничар. Примени на редовен работен однос на неопределено време се 2 инженери и 1 техничар.

И ве замолуваме, имајте предвид дека инженерите и инструкторите кои негодуваат и праќаат допис за оставки до УО се контрадикторни со самосебе си затоа што истите се примени со редоден работен однос во МНАВ со истите законски критериуми како и најновите од вчера. Новите инженери имаат дополнителна клаузула дека може да им се откаже работниот однос, додека кај постоечките инженери тоа не им го пишуваше во огласот. Негодувањата се тенденциозни и немаат основа“.

Фото: М-НАВ

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ