недела, 14 декември 2025

М-НАВ: Безбедноста на воздушниот сообраќај не е доведена во прашање, контролори има доволно

Не се точни наводите на Александар Тасевски, претседателот на ССКЛ еден од синдикатите кои делуваат во М-НАВ дека системот на контрола на летање може да откаже во секој момент изнесени во телевизиско гостување, се наведува во соопштението што М-НАВ го испрати денеска до јавноста, а се однесува на изјава на Тасевски дадена на 23 јули годинава во која тој меѓу другото тврди дека поради застарена опрема со која работат контролорите на летање, постои ризик од сценарио слично на она што се случи во пожарот во Кочани.

Објавено на

часот

Сподели

Од М-НАВ тврдат дека Тасевски изнесува неточни и тенденциозни информации и истите ги извртува и ги вади од контекст.

„Неговиот телевизиски настап нема допирни точки со синдикалното делување и заштита на работничките права во Друштвото. Напротив, истиот преку синдикатот се обидува да се меша во менаџирањето на компанијата, и истото го прави само кога политички му одговара, додека реалноста е дека во воздухопловството нема место за политиканство. Изнесените инфoрмации и лични ставови на Тасевски, за кои се сомневаме дека се ставови и на членовите на синдикатот за потенцијална опасност претставуваат не само неосновано ширење паника прво кај колегите контролори на летање дека системот со кој работат може во секој момент да откаже, а тие да бидат инволвирани во некакво си негово замислено сценарио на ‘Кочани 2’ туку шири и страв и паника кај јавноста во Македонија и во странство. Неговите лични ставови го  нарушуваат и угледот на Друштвото кое секојдневно вложува максимален напор  за безбеден авиосообраќај и опслужува голем број на летови“, велат од Управниот одбор (УО) на М-НАВ.

Оттаму тврдат дека навигациската и другата техничка опрема и системи кои се користат редовно се одржуваат и надгледуваат согласно пропишани процедури.

„Тоа овозможува безбедно управување со воздушниот сообраќај. Како дел на европската мрежа на вооздушниот сообраќај задолжени сме со меѓународна регулатива и процедури секој безбедносен настан да го пријавиме до Агенцијата за Цивилно Воздухопловство како независна регулаторна воздухопловна власт во РСМ“, велат од УО на М-НАВ.

За одборот, изјавите на Тасевски се шокантни.

„Неточно е дека М-НАВ става регулации заради недостаток на контролори. Контролори има доволно за да работат на постоечките работни позиции. Исто така неточно е дека ќе можеме да отвориме нови работни позиции за опслужување на сообраќајот со имплементација на новиот систем, бидејќи менаџерите од претходната власт ја откажале градбата на нова зграда иако била дел од договорот за набавка на нов систем. Во неа биле планирани нови (повеќе на број работни позиции). Новиот систем кога ќе биде пуштен во употреба, ќе биде на старите работни позиции. Тие се четири на број (3+1 резервна) и не може да се вработат уште десетици контролори на летање, бидејќи нема каде да работат. Реално никогаш до сега немало побарување РСМ да ја прелетуваат 140 авиони на час. Споредбите на македонскиот воздушен простор и воздушниот простор на Албанија и Бугарија, се бесмислени. Тие се територијално поголеми и имаат поголем воздушен простор над копно и над море. Во македонскиот воздушен простор ни со новата опрема таква каква што ја набавила претходната менаџерска структура од претходната власт, не може да се примат прелети во бројки кои ги споменува Тасевски, а да не зборуваме дека за тоа нема ниту толкави побарувања од компаниите, а нивните барање доаѓаат до М-НАВ преку Еуроконтрол. Сегашниот менаџмент ги стави во смени скоро сите контролори на летање и ја зголеми можноста на М-НАВ да опслужува повеќе авиони во рамки на техничките лимити на системот кој се користи. Во првите 6 месеци од 2025 година со добро планирање на контролорите на летање во смени, постигнато е зголемување на бројот на прелети за 12 отсто (за споредба во Европа таа вројка е 2-5 отсто). Македонија има и околу 20 отсто зголемени приходи од прелетите споредено со 2024 година“, велат од М-НАВ.

Оттаму велат дека не ги прифаќаат обвинувањата особено она дека менаџментот на компанијата лаже.

„Сегашниот менаџмент е поставен од новата власт пред 8 месеци и не може да прифати обвинувања за проблеми предизвикани од претходната власт. Треба време за решавање на реалните постоечки проблеми. Сегашниот менаџмент не лаже никого ниту во Македонија, ниту во Европа ниту во Европската организација за безбедност на воздушниот сообраќај Еurocontrol во која сме членка. Уште еднаш ги отфрламе изјавите на Тасевски и недвосмислено изјавуваме дека М-НАВ АД Скопје е отворена за соработка и транспарентна комуникација со цел точно и објективно информирање на јавноста“, се наведува во соопштението на Управниот одбор на М-НАВ.

Александар Тасевски, претседателот на ССКЛ во телевизиско гостување пред една недела, меѓу другото изјави дека поради застарена опрема со која работат контролорите на летање, постои ризик од сценарио слично на она што се случи во пожарот во Кочани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ