Жителите на оваа населба со лопати, но и со градежна механизација спречија огнот да дојде на неколку метри. Пожарникарите веднаш излезгле на терен, а месното население им помагаше при гаснењето на пожарот.
Мештаните кои беа во паника велат дека пожарот во правец од старите бараки кон нивните куќи го забележале во 16:15 часот. Тие реагираат дека секоја година овие бараки и околу нив се пали и ги доведува во опасност и куќите, но и објектите околу нив, во непосредна близина е и приватна болница, зградата на штипскиот универзитет.
Пожарот е ставен под контрола.
Од Центарот за управување со кризи информираа дека заради поголема оперативност во Богомила е наместен голем мобилен базен од кој хеликоптерот црпи вода и го скратува времето за дејствување.
Во меѓувреме полицискиот хеликоптер фрли над 39 тони вода врз пожарот на планината Серта.
Полициски воздухоплов од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици и денеска продолжи да дејствува на пожарот што избувна на планината Серта, меѓу штипските села Драгоево и Селце, информираат од МВР.
При дејствувањето, како што појаснуваат, во 26 налета се исфрлени 39 тони вода. Од МВР велат дека пожарот сѐ уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење.






