петок, 23 јануари 2026

Локализиран е пожарот кај Тутунски комбинат, повредени нема

Пожарот во близина на Тутунскиот комбинат во Скопје е локализиран. Избувнал во импровизирана автомеханичарска работилница. Причинета е материјална штета, а повредени нема.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томевски во изјава за МИА вели дека на терен интервенирале 10 пожарникари со три возила.

„Пожарот е локализиран за кратко време, потоа се работеше на расчистување. Освен материјална штета, нема повредени лица“, вели Томевски.

Чадот од пожарот можеше да се види од повеќе делови од градот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ