недела, 14 декември 2025

Лога од АА на Села: ДИК да ја разјасни дилемата за бројот на кандидати на советничките листи

Ако Државната изборна комисија (ДИК) прифати листи за советници кои содржат помал број кандидати од пропишаниот со Законот за локална самоуправа (член 34), тогаш постапува спротивно на законот и ќе направи тешко кривично дело, за што надлежните органи и соодветните членови треба да понесат индивидуална и институционална одговорност, се наведува во соопштението од Кренар Лога, потпретседател на Алијанса за Албанците на крилото на Зијадин Села.

Објавено на

часот

Сподели

„Одлуката на Владата предводена од Вреди-ВМРО (Одлука за утврдување на бројот на членовите на советите на општините во Република Северна Македонија – Службен весник на РСМ, бр. 199 од 26.9.2024 година) во овој правец е тенденциозна, апсурдна и во целосна спротивност со позитивните правни норми, и како таква треба веднаш да се повлече. Секој акт што ги нарушува законски утврдените стандарди во изборниот процес претставува сериозен ризик за уставниот поредок и демократското функционирање на државата.

Нарушувањето на законитоста на изборите претставува една од најтешките форми на институционално прекршување и има сериозни последици врз демократијата, функционирањето на правната држава и довербата на граѓаните во изборниот процес.

Од таа причина, Државната изборна комисија мора итно да ја разјасни оваа дилема и да постапи во согласност со важечките законски одредби, обезбедувајќи интегритет и законитост на изборниот процес“, вели Лога.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ