На новинарско прашање на прес-конференција посветена на резултатите од годишните конкурси за проекти во култуата во 2026 и што ќе се преземе за заштита на Охридскиот Регион како културно наследство во опасност, Љутков одговори дека тој наследил долгогодишен проблем.
Посочи дека за една и пол година откога го презел ресорот направени се големи интервенции и големи заложби во Охридскиот Регион, но оти периодот е краток за да се донесат крупни одлуки.
„Донесовме големи заклучоци на комисијата за УНЕСКО, формиравме кризен штаб, добивме седум месеци да интервенираме. Тој извештај е направен, земени се предвид сите релевантни институции и нивните мислења и тој извештај заедно со албанската страна е испратен до УНЕСКО. Ќе видиме какви ќе бидат во наредниот период препораките. Бидејќи ова е долгогодишен проблем, јас како министер можам да кажам дека ова го затекнав, она што можевме да го направиме, го направивме, и пак ќе потенцирам дека треба да очекуваме сè“, рече Љутков на прес-конференцијата.






