Љутков информираше дека постапката за избор на изведувач за Универзалната сала успешно е заокружена, откако Државната комисија за жалби по јавни набавки ја одби како неоснована жалбата на економскиот оператор и го потврди изборот на најповолна понуда. Со ова, вели Љутков, се отстранува и последната правна пречка за старт на градежните работи.

Проектот треба се реализира по принципот „клуч на рака“, а реконструкцијата на Универзалната сала е предвидено да заврши до декември 2027 година.
„Ова е клучен проект во рамките на подготовките на Скопје за носење на престижната титула Европска престолнина на културата 2028. Со новиот лик на Универзална, Скопје ќе добие модерна, функционална и репрезентативна културна институција, која ќе биде домаќин на врвни театарски претстави, концерти, фестивали и големи културни настани. Ова е инвестиција во иднината на македонската култура, инвестиција во нашите уметници, во нашата публика и во идните генерации.
Останувам целосно посветен на транспарентно, законито и ефикасно реализирање на сите капитални проекти кои го зајакнуваат културниот идентитет на нашата земја“, напиша Љутков на неговиот официјален фејсбук профил.







