„Таа нивна мисија сѐ уште не е завршена, таа нивна визија ќе треба да ја продолжиме сѐ посилно и посилно, за да си го потврдуваме се почесто нашиот идентитет, нашиот преубав јазик, нашата култура и традиција“, истакна министерот Љутков.
Во организација на Министерството за култура, во рамки на културната програма за одбележување на празникот, вечерва во Рим, пијанистот Симон Трпчески ќе настапи со концертот „Македонисимо“.
„Го одбравме најдоброто од Македонија, еден прекрасен концерт кој е познат секаде во светот со Симон Трпчески. Тоа е една голема симболика дека сме овде во Рим како Македонци со концертот ‘Македонисимо’“, рече Љутков.
Тој изрази надеж дека вечерва на концерот ќе има голема посетеност и од тој настан, како што рече, „ќе испратиме една голема порака дека сите Македонци кои творат со својата уметност секаде низ светот се добредојдени во Македонија и секогаш ќе бидат главните промотори на македонската култура.