недела, 14 декември 2025

Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје, најави Ѓорѓиевски

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денеска информираше дека остварил средба со градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ.
На средбата, како што информира Ѓорѓиевски, добил драгоцени совети и поддршка од Јанковиќ, со јасна определба Љубљана да биде град-партнер и вистински пример за развојот и модернизацијата на Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Посебен акцент ставивме на најголемите предизвици со кои се соочува нашиот град – јавниот превоз и чистотата. Градоначалникот Јанковиќ ни даде ветување дека експертски тимови од Љубљана ќе бидат континуирана поддршка за Скопје, но не само во овие сфери, туку и во секоја област во која ќе побараме помош. Договоривме интензивна соработка и зајакнување на капацитетите на градот Скопје во насока на креирање, планирање и спроведување европски проекти. Верувам дека преку ова партнерство ќе изградиме поефикасен и поевропски град Скопје, достоен за своите граѓани. Со задоволство го потврдивме статусот на побратимени градови и во таа насока упатив срдечна покана до господинот Јанковиќ за негова официјална посета на Скопје, град кој сака да учи од најдобрите“, напиша Ѓеорѓиевски на свјот фејсбук профил.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ