Таа своето обраќање го почнува со тоа дека долго размислувала дали воопшто да се обрати иако „давам силна поддршка на мојот сопруг за да стане градоначалник на Кичево“.
„Но денес одлучив дека мора да ви се обратам, бидејќи имам обврска како мајка, како жена како Албанка, која има обврска кон своите деца и децата на сите вас. Драги кичевчани и вие имате обврска ДА ЈА ПОБЕДИМЕ на овие избори неработата со работа, неморалот со морал, криминалот со чесна работа. За нас, за нашите деца и ние имаме морална обврска. Затоа ве повикаувам на овие локални избори излезете и гласајте за број 9 за да може да се отворат нови работни места, да може да се гради инфраструктура, да може да имаме подобри административни услуги да ги задржиме нашите деца тука во Кичево“, се вели во обраќањето на Линдита Јовановски.
Во Кичево после првиот круг Александар Јовановски освои 44,5 отсто од излезените гласачи или 11.682 гласа. Неговиот противкандидат, Фатмир Дехари, актуелен градоначалник на Кичево, член на ДУИ, во првиот круг освое 21,28 отсто од излезените гласачи или 5.586 гласа. Пред изборите за Дехари по социјалните мрежи се објавија неколку скандалозни аудио снимки во кои тој се додворува на вработени жени од општината и безобразни разговори со некои лица во врска со финансирање на неговата кампања.






