Ова значи дека Петровска која во „бомбите„ од времето на СДСМ беше споменувана од тогашната судијка, а сега адвокатка Софија Лаличиќ како судијка која примала сваровски подароци, сега ќе ги води сите предмети на Димовска.
Во нејзини раце ќе е и големиот корупциски предмет предметот „Адитив“, со 37 обвинети за проневера со набавка на адитиви од над 6 милиони евра за РЕК „Битола“. Судењето сега почнува одново, поради смената.

Судиската кариера на Петровска беше под лупа уште од објавувањето на „бомбите“, односно прислушуваните разговори кои ги објави опозицијата во 2015 година. Во еден од нив, тогашната судијка Софија Лаличиќ разговара со Сашо Мијалков за договорени избори на судии. Во разговорот, Петровска е спомната како личност која наводно била фаворизирана преку подароци и лични врски.
Од таму и потекнува фразата „сваровски судство“, која доби широка употреба како симбол на политичко влијание врз судската власт. По неколку години, сега повторно се враќа на позицијата од која што беше тргната – овојпат со задача да води високи предмети на корупција и организиран криминал.
Пред неколку дена Основниот кривичен суд во Скопје ги прогласи за виновни Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски за убиство на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици на нанесените повреди. Ова судење го водеше Лидија Петровска.






