Според Филипче, излегло обвинението за случајот Онкологија и ќе следи судски процес со што, како што вели, на виделина ќе излегла една лажна кампања против него.
„Да видиме што ќе покаже судскиот процес, на виделина ќе излезе една лажна кампања, којашто ВМРО ДПМНЕ ја организираше против мене лично, со анкетната Комисија на којашто изнесоа лаги, клевети и дека јас во рамките на ингеренциите во Министерството за здравство некои работи не сум ги извршувал. Јас ги покажав во јавноста и документите дека тоа не е така и дека сите ингеренции на министерството што се однесува во тој дел апсолутно се извршувани, дури и во најтешките Ковид времиња“, изјави Филипче.
Посочи дека секој кој го прекршил законот треба да одговара.