Сојузот со САД не е само дипломатска ориентација. Тој е стратешка и
вредносна определба. Наш избор е да бидеме на страната на демократијата,
на основните слободи, на владеењето на правото и на меѓународната
одговорност. Нашата држава, а особено албанскиот народ, добро знае што
значи американска поддршка во клучните моменти од историјата, затоа и
денес стоиме рамо до рамо со нашиот најголем стратешки партнер, наведуваат од ДУИ.
„Нападите и дестабилизирачките акти на Иран што ја загрозуваат
безбедноста на земјите од Заливот и ја нарушуваат кревката архитектура
на мирот на Блискиот Исток, не му служат никому. Тие не му служат на
развојот, не му служат на соживотот, ниту на легитимните аспирации на
народите за просперитет. Секој режим што избира конфронтација наместо
соработка и извоз на кризи наместо дијалог, се става себеси во
спротивност со духот на нашето време. Веруваме дека безбедноста во Персискиот Залив и на Блискиот Исток е глобален интерес. Слободата на движење, енергетската стабилност, борбата против тероризмот и заштитата на меѓународниот поредок се заеднички одговорности. Во овој контекст, улогата на Соединетите Американски
Држави останува незаменлива како гарант на рамнотежата и фактор на
стабилност“, велат од ДУИ.
Оттаму додаваат дека Албанците недвосмислено „го избраа западниот пат“.
„Ние сме дел од сојузот на вредности, дел од евроатлантската заедница и активен придонесувач кон колективниот мир и безбедност. Нашата поддршка за САД е поддршка за побезбеден, поправеден и послободен свет“, пишува во соопштението на ДУИ.






