Сепак, ЛИБСЕЕН ја изразува својата длабока загриженост што Европскиот парламент, во одредени моменти, станува заложник на неприфатлива дебата поврзана со македонскиот идентитет, јазик и култура.
„Овие теми не смеат да бидат предмет на расправа – тие се непобитни факти и жива реалност кои се развивале со векови во самото срце на Балканскиот Полуостров. Цврсто веруваме дека богатството на идентитети и култури во регионот треба да се почитува и слави, а не да се доведува во прашање или поткопува. Вистинската европска интеграција се темели на меѓусебна почит и признавање на суверените реалности. Ги повикуваме сите страни да се фокусираат на иднината, да ги негуваат демократските вредности и да работат конструктивно кон целосно членство на Македонија во Европската Унија, ослободени од делбени и анахрони дебати,“ изјави амбасадорот Бернард Никај, генерален секретар на ЛИБСЕЕН.
Либералната мрежа на Југоисточна Европа (LIBSEEN) ги обединува либералните политички партии во регионот и дава придонес за развојот на регионот преку спроведување на либерални политики во политичките системи на земјите од Југоисточна Европа. Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското собрание, Моника Зајкова, заедно со својот тим претседава со ЛИБСЕЕН во наредните 4 години.