„Пајазит Пајазити е судијата на претходна постапка, кој не го прифатил предлогот за притвор на Беким Незири за нападот во М-НАВ. Овој судија е заменик претседател на Кривичниот суд Скопје, додека во времето кога Груевски беше во бегство, бил судија за санкции кој ја носел одлуката за издржување на казната затвор. И овој судија се поврзува со криминогената ДУИ, што потврдува дека целокупниот правосуден систем е окупиран од недопирливите ДУИ“, соопшти Левица и потсети дека ова не е прв инцидент на функционерот од ДУИ, дека при сличен ваков инцидент во 2010 (во кој напаѓач исто така бил Незири) снимките од сигурносните камери биле избришани.
Левица: Функционерите на ДУИ се недопирливи
Додека Исмет Гури, поранешен функционер на ДУИ, е во бегство, за Беким Незири судијата одби да изрече притвор, иако Незири се сомничи за тешко кривично дело за кое е предвидена затворска казна од минимум 5 години, се вели во соопштението на Левица.

Објавено на
часот





