недела, 7 декември 2025
Локални избори 2025

Левица: Жените земјоделки се системски заборавени, време е за законско решение за платено породилно отсуство

На Меѓународниот ден на руралната жена, Левица потсетува на долгогодишната маргинализација на жените од руралните средини, кои, иако имаат суштинска улога во земјоделското производство и опстанокот на селските заедници, се системски занемарувани.

Објавено на

часот

Сподели

„Жените земјоделки во Македонија немаат никаква правна и социјална сигурност при мајчинство. Само две жени во цела 2023 година поднеле барање за породилно отсуство, а ниту едно не било одобрено, што е срамно и укажува на нефункционалност и дискриминација во државните програми,“ велат од Левица.

Од партијата потсетуваат дека токму Левица, преку својата пратеничка Јована Мојсоска, е единствената што во Собранието поднела предлог-закон за платено породилно отсуство за жените земјоделки.

„Тоа е прашање кое не може и не смее да се решава преку привремени програми на министерства, туку со трајно законско решение,“ истакнуваат од Левица.

Од АФЖ Левица посочуваат дека потребна е сеопфатна едукација и поддршка за руралните жени, особено во делот на регистрирање како земјоделци-поединци, за да стекнат право на здравствено осигурување и пензиски стаж.

„Бараме актуелната власт да покаже елементарна одговорност и да го поддржи законот што повторно ќе го предложиме, со што жените земјоделки конечно ќе добијат законски загарантирано платено породилно отсуство,“ велат од Левица.

Од партијата додаваат дека жените од руралните средини се основата на секое општество кое тежнее кон социјална правда, економска сигурност и родова еднаквост.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ