понеделник, 8 декември 2025

Левица во ОБСЕ се пожали за Упатството за радиодифузерите на АВМУ

Адвокатката Катерина Јовановска, како претставник на правниот тим на Левица, оствари средба со Радивоје Грујиќ, правен аналитичар во ОБСЕ-ОДИХР. На средбата се дискутираше за правните механизми кои Левица како политичка партија досега ги презема во врска со контроверзното Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025 година донесено од ААВМУ, со кое ПП Левица е директно оштетена на начин што ѝ е забрането политички да се рекламира на медиумите во текот на целата кампања, како и за правните чекори кои Левица ќе ги преземе во иднина со цел заштита на своето уставно право на политичко организирање и дејствување, соопшти партијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Средбата беше многу конструктивна и двете страни изразија желба за понатамошна соработка со цел навремено информирање во однос на исходот од судските постапки, како и постапките кои што се водат пред другите надлежни институции во Република Македонија и евентуално пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур“, соопшти Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ