четврток, 22 јануари 2026

Левица: Владата на ДПМНЕ ја жртвува иднината на народот во корист на крупниот капитал

Одлуката на Владата предводена од ДПМНЕ и Христијан Мицкоски за издавање нови 10.000 дозволи за престој и работа на странски државјани е уште еден доказ дека власта свесно ја жртвува иднината на сопствениот народ во корист на профитот на крупниот капитал, велат од Левица.

Објавено на

часот

Сподели

Наместо спроведување политики што ќе го задржат и вратат младото и работоспособно население, од Левица оценуваат дека ДПМНЕ гради модел на држава со празни домови и полни бизниси, потпирајќи се на евтина, увезена работна сила.

Според партијата, Владата на Мицкоски отворено застанува на страната на газдите, прифаќајќи ја логиката дека платите треба да се притискаат надолу, а правата на работниците да се минимизираат, со цел да се зголеми профитот на малкумина. Со тоа, се девалвира трудот на македонскиот работник, а државата се претвора во сервис на стопанските елити, предводени од луѓе како Бранко Азески, кои, како што наведуваат, без изборен легитимитет имаат огромно влијание врз економските политики.

„Ова е отворено признание дека Владата не планира да ја крене вредноста на трудот, туку да ја собори. Кога македонските работници масовно си заминуваат поради понижувачко ниски плати, ДПМНЕ не го гледа проблемот во платите, туку во недостигот од таканаречена ‘резервна армија’ за експлоатација“, велат од Левица.

Од партијата дополнуваат дека увозот на работници претставува и геополитичка операција, посочувајќи дека со истата логика се најавува и отворање на вратите за масовен прилив на мигранти од Британија, за што веќе пишувале тамошните медиуми.

„Додека македонските граѓани заминуваат во странство да работат како луѓе од втор ред, Владата на ДПМНЕ се подготвува Македонија да ја претвори во резервоар на евтина работна сила и прифатен центар за туѓи социјални проблеми“, велат од Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ