петок, 9 јануари 2026

Левица тврди дека комисии за боледување вршат притисок врз повредените во Пулс

Уште од првите денови по пожарот лекарите укажуваа дека дел од повредените ќе се соочат со лекување што ќе трае со години. Наместо државата да го земе тоа во предвид и да обезбеди мир, стабилност и непречено лекување, таа ги изложува на дополнителен физички, психолошки, административен и финансиски притисок, кој го загрозува и нивното закрепнување, се наведува во соопштението од Левица,

Објавено на

часот

Сподели

Дополнително, велат од Левица, загрижува фактот што постојната законска регулатива за боледување е крута за вакви трагедии.

„Според важечките прописи долгорочно боледување се продолжува преку месечни лекарски комисии, со временски ограничувања и административни процедури кои се целосно несоодветни за масовна трагедија со тешки телесни и психички последици. Токму затоа државата уште од првиот момент имаше морална должност да изнајде начин за решавање на овој правен вакум. Државата во изминатава речиси година од трагедијата требаше да донесе посебен указ, подзаконски акт или да направи интервенција во законите за да обезбеди автоматско и долгорочно боледување без месечни комисии за сите повредени. Освен што владата на ДПМНЕ не се заангажира тоа да го направи дополнително им отежна повредените“, велат од Левица.

Според партијата, иако Владата на ВМРО-ДПМНЕ по трагедијата „најавуваше апсолутна помош, реалноста е поинаква – не е обезбедена никаква финансиска поддршка ниту за семејствата на загинатите, ниту за повредените“.

„Трошоците за патувања за лекување во странство, скапите креми, силиконски лепенки и медикаменти неопходни за долгорочна нега, целосно паѓаат на товар на семејствата. Најсрамен пример за институционална бесчувствителност е фактот што државата не само што не помогна, туку од хуманитарната солидарност на граѓаните наплати и данок од милион денари. Средствата собрани преку граѓанската иницијатива ‘Сапорт Кочани’, наменети за помош на настраданите, беа оданочени од државата, наместо самата да застане зад тие луѓе. Додека граѓаните покажуваат човечност и солидарност, институциите демонстрираат ладна бирократија и финансиски апетит“, децидни се од Левица.

Оттаму сметаат дека е недозволиво државата да ги „малтретира повредените со месечни комисии, да не обезбеди непречено боледување до конечно излекување,  да не покрие трошоци за лекување, патувања и медицинска нега, а притоа да оданочува хуманитарна помош и да троши милиони на папаја во владината луксузна кујна“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ