сабота, 31 мај 2025

Левица со синдикатите на улиците: Како со 20.000 денари да се покријат сметки, храна и превоз?

Пратениците од Левица денес маршираа рамо до рамо со синдикатите и обесправените работници на улиците на Скопје, во силна поддршка на правата на трудот и против политиките што ги ставаат работниците во подредена позиција. Со своето присуство, пратениците на Левица покажаа дека тие се вистинските претставници на народот, на местото каде што треба да бидат сите кои ја застапуваат работничката класа.

Објавено на

часот

Сподели

Во услови на, како што велат, деспотска и десничарска власт предводена од ДПМНЕ и коалицијата, Левица ја критикува не само ниската минимална плата која не ја покрива ниту минималната потрошувачка кошничка, туку и системот кој ги игнорира синдикатите и ја поддржува елитата на сметка на работниците. Според нив, македонскиот работник е сведен на алатка, а не човек. Работниците се деградирани, замолчени и исцедени, додека тие го носат главниот товар на економијата, додека привилегираната класа паразитира од нивната работа.

„Минималната плата не стигнува ни за минимално живеење. Работникот брои денови, не денари“, изјавија од Левица. Тие додаваат дека додека работниците се борат за опстанок, тајкуните и странските инвеститори, со поддршка од власта, профитираат од евтина и обесправена работна сила.

Левица ја обвинува актуелната власт дека не само што е глува за работничките проблеми, туку и дека е соучесник во системското угнетување на народот. Според нив, секој денар што го заработува работникот е натопен со пот, неизвесност и страв, додека политичките функционери и нивните сојузници уживаат во луксуз и привилегии.

„Левица не молчи и нема да молчи! Нашата борба продолжува, и тоа не само во институциите, туку и на улица, заедно со народот“, истакнаа пратениците од Левица. Тие се залагаат за враќање на достоинството на работникот и за создавање на алтернатива која ќе го стави трудот и работничките права во центарот на политиката.

„Нема народна власт без работничка моќ. Нема друга алтернатива освен организираната политичка сила на трудот. Да ги збиеме редовите и да го вратиме достоинството што ни го украдоа!“ апелираат од Левица.

Денешната демонстрација е само една од многуте активности на Левица, која продолжува да се бори за правата на работниците и за општество во кое трудот ќе биде вреднуван, а не експлоатиран.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ