понеделник, 29 декември 2025

Левица со предлог-закон да нема отказ при бременост

Законот за работните односи ја уредува положбата на работничката за време на бременост и отсуство од работа поради бременост, при што истиот претпоставува еднаква положба и уживање на еднакви права за сите работнички без разлика на видот на работниот однос, соопшти Левица.

Објавено на

часот

Сподели

„Дополнително, Законoт за спречување и заштита од дискриминација забранува каква било дискриминација врз основа на бременост во процесот на вработување и за време на работниот однос.

Но во пракса се случува нешто различно. Пред околу еден месец, поради непродолжување на договорот за вработување, бремена жена го загуби своето бебе поради стрес, заради тоа што не и бил продолжен договорот за вработување на неопределено време и остана без работа.

Ова не е изолиран случај и укажува на потреба од измени на Законот за работните односи, особено во делот што го регулира статусот на бремените работнички со договор на определено време.

И поради тоа Левица во Собранието доставува законски измени Во Законот за работните односи во член 46 по ставот (4) се додава нов став (5) кој гласи:

„Работниот однос заснован со договор за вработување на определено време, се трансформира во работен однос на неопределено време поради бременост по доставување на соодветна потврда од овластен лекар или надлежен орган.“

Потсетуваме, претходно Левица поднесе измени во ЗРО, кои предвидуваа целосно укинување на договорите за вработување на определено време, кои за жал не наидоа на поддршка од владејачкото мнозинство“, соопшти партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ