недела, 22 февруари 2026

Левица: Ревизорскиот извештај ги потврдува ризиците за Државниот архив

Ревизорскиот извештај за Државен архив на Македонија ги потврдил, како што наведуваат од Левица, долгогодишните предупредувања на архивистите и стручната јавност дека со преместувањето на институцијата во објектот на Археолошкиот музеј се создаваат несоодветни услови за чување на архивски материјал.

Објавено на

часот

Сподели

Од партијата посочуваат дека ревизорите нотирале оти не се исполнети основните стандарди за депоа за архивска граѓа, како и дека постојат сериозни пропусти во заштитата од неовластен пристап, што, според нив, ја доведува во прашање безбедноста на материјалот со трајна историска вредност.

Левица го отвора и прашањето за одговорност во случај на евентуално исчезнување, оштетување или нарушување на доверливоста на документите, оценувајќи дека архивската документација претставува јавна меморија од државно значење.

Во соопштението се потсетува дека одлуката за преместување на Архивот се поврзува со периодот на владеење на Никола Груевски, како и дека претходно биле упатувани ветувања од страна на Зоран Заев за враќање на институцијата во нејзината наменски изградена зграда, што, според Левица, не било реализирано.

Од партијата поставуваат повеќе прашања до надлежните институции, меѓу кои зошто објектот изграден за архив бил доделен на друго користење, како биле користени средства од странски фондови за реновирање на простории, и кој ќе сноси одговорност за состојбата констатирана во ревизорскиот извештај.

Левица бара поништување на, како што ја оценуваат, спорната одлука од 2009 година и враќање на Државниот архив во неговата првична, наменски изградена зграда.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ