Од партијата информираат дека датумот е утврден во претходна координација со родителите, кои ќе се обратат на седницата. Дополнително, велат дека 9 декември е единствениот ден кога не е закажано судско рочиште поврзано со кочанската трагедија.
Левица тврди дека пратениците од власта манипулираат со наводи дека терминот не бил соодветен поради започнувањето на расправата за предлог-буџетот. Според соопштението, буџетската расправа трае пет дена, што, како што велат, остава доволно време за дискусија.
Од партијата потсетуваат дека три пати се обиделе да закажат седница за ова прашање, но сите обиди, како што наведуваат, биле блокирани од претседателот на Собранието, Африм Гаши, во координација со ВМРО-ДПМНЕ.
Левица апелира до владејачките пратеници да не ја саботираат седницата, нагласувајќи дека само на тој ден родителите може да присуствуваат и да го изнесат својот став пред институциите. Партијата порача дека потребно е да се обезбедат услови во Собранието да се слушне нивниот глас и барањето за правда.






