вторник, 9 декември 2025

Левица промовираше пет кандидати за градоначалници на скопски општини

Поранешниот декан на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ при УКИМ во Скопје, проф. д-р Јане Ацевски е кандидат за градоначалник на општина Кисела Вода од Левица. Адвокатот Александар Димитријевиќ е кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров, актуелниот директор на КИЦ-Скопје, Антонио Димитров е кандидат за градоначалник на општина Карпош. Кандидат за градоначалник на општина Гази Баба е Златко Тренчевски, металуршки инженер, а економистот Маријан Димитриев е кандидат за градоначалник на општина Аеродром.

Објавено на

часот

Сподели

Кандидатите за градоначалници на скопските општини денеска на прес-конференција ги соопшти Круме Богевски, портпарол на кампањата за претстојните локални избори 2025.

„По долги анализи од президиумот на Левица, како највисок орган на партијата, кандидираме личности со висок професиоанален кредибилитет и добро познати на јавноста, кои се подготвени за предизвикот да ги водат скопските општини“, рече Богевски.

Ова е вториот бран кандидати за градоначалници од Левица, кои најавуваат дека наскоро ќе објават и други имиња на кандидати.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ