вторник, 9 декември 2025

Левица: Проблемот со Вардариште може да се реши веднаш доколку постои политичка волја

Левица реагираше на изјавите на в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митевски, и на кандидатот Орце Ѓорѓиевски, обвинувајќи ги дека ја користат депонијата Вардариште за предизборни манипулации и собирање евтини политички поени.

Објавено на

часот

Сподели

„Проблемот со Вардариште може да се реши веднаш доколку постои политичка волја. Владата на ВМРО-ДПМНЕ има целосна можност да интервенира преку надлежните институции, инспекциските органи и МВР може да ги санкционира сторителите кои палат оган,“ истакнуваат од Левица.

Од партијата ги повикуваат градоначалниците на ДПМНЕ да одговорат на граѓаните за ветувањата кои останале нереализирани во последните четири години и нагласуваат дека загадениот воздух не смее да биде предмет на политички игри.

„Граѓаните не заслужуваат лажни изговори и празни ветувања, туку итна и конкретна акција. Вардариште може и мора да биде решено веднаш, а не да се користи како политичка алатка пред секои избори,“ порачуваат од Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ