петок, 19 декември 2025

Левица предлага Скопје да стане град без автомобили

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, на социјалните мрежи упати критика кон досегашните власти и повика на мобилизација на сите слободоумни луѓе кои го сакаат својот град.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Скопјани, кои го изградија градот, не можат да обезбедат домови во него, поради лудите цени од нехуманата урбанизација! Не можат да се движат низ Скопје, поради недостаток на јавен превоз – не можат никаде да се социјализираат без да мораат нешто и некому да платат, во недостаток на јавни површини и чист простор. Животот во Скопје не мора да биде ваков, но политичарите од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ токму тоа и го сакаат. За да можат да скројат Генерален урбанистички план за фирмите на нивните донатори и соработници. Да можат од секоја потреба на граѓаните, да направат за себе чист, сиров кеш и да ни го трошат достоинството во изгубени години и прилики“, напиша Мециновиќ на фејсбук.

Според него на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ нема да им бидат приоритет потребите на обичниот скопјанец.

„Затоа – ајде Скопје со целосен фокус на јавниот превоз – да станеме град во кој автомобилите не се потребни! Генерален урбанистички план направен за нас, а не за нив и нивните фирми: нови правила на игра за урбанизација, да стане домувањето во овој град повторно достапно и да се зачува животната средина! Нов почеток во градското функционирање со фокус на општото добро наспроти корпоративниот интерес – чистиот воздух е побитен од профитот на индустријалците! Сега“, напиша Мециновиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ