„Затоа, денес ќе ја разгледаме улогата на Државниот пазарен инспекторат (скратено ДПИ) во трагичниот случај со дискошталата во Кочани, во кој ни загинаа 60 (шеесетмина) младинци…
Согласно чл. 8 од посебниот Закон за Државен пазарен инспекторат (Сл. весник на РМ бр. 24/2007), кој досега е менуван и дополнуван 15 пати, токму ДПИ е изрично надлежен за „изрекување инспекциски мерки со цел отстранување на утврдени неправилности“!
Дополнително, во Законот за угостителската дејност (2004), како лекс специјалис (lex specialis) за диско-клубови и кабареа, Државниот пазарен инспекторат е споменат дури 40 пати! Со букви: четириест пати!
Оттука, нејасно е зошто премиерот Мицкоски, министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски и колегите од Основното јавно обвинителство Кочани го поштедиле од истрага и не му дале својство на ‘осомничен’ и ‘обвинет’ на актуелниот в.д. директор – Влатко Стојкоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ!? Типчево е на функција од месец ноември 2024, што значи имал сосема доволно време ‘екс официо’ (ex officio) да преземе службено дејствие кое не го презел.
Како ‘посилен аргумент’ (аrgumentum a fortiori), ова дотолку повеќе има смисла, ако се знае дека поранешниот директор на ДПИ е осомничен и веќе е во притвор.
Или да ви објаснам, „по аналогија“ (per analogiam) што всушност прават и како ја замајуваат јавноста со првични апсења: ова би било исто како за кривично дело ‘убиство’ сторено со пиштол, да го обвините производителот на пиштолот во фабриката, а не и непосредниот извршител кој го повлекол чкрапалото!?“, се изнесуваат аргументи во соопштението на Левица.