недела, 7 декември 2025

Левица прашува како Мицкоски дозволил Мерко да отвори приватна градинка во рамки на неговиот универзитет

Бидејќи премиерот Христијан Мицкоски дури и на митинзи за промоција на кандидати за градоначалници не пропушта да ја оцрни Левица за некаква коалиција со ДУИ (со оние кои неговата партија ги амнестира и етаблира), прашуваме како градоначалникот од ДУИ, прочуениот Рамиз Мерко отвори приватна градинка во мандатот на владата на Мицкоски, се наведува во денешното соопштение на кандидатката за градоначалник на Струга од Левица, Јована Мојсоска. Премиерот Мицкоски на синоќешниот митинг во Струга вети изградба на нова градинка, за намалување на листата на чекање на која моментално има 400 деца, за која, како што рече, доколку не покаже разбирање Општината, тоа ќе го направела Владата преку ресорното министерство за труд и социјална политика.

Објавено на

часот

Сподели

Мојсоска преку соопштението уште прашува дали министерот за социјални работи Фатмир Лимани издал дозвола за работа на градинката на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, или таа работи незаконски, „додека оние кои се должни да вршат надзор (Министерство за социјална политика и Министерството за образование) молчат.

„Градоначалникот во заминување – кој не отвори ниту една градинка во Струга, кој ја затвори една од трите градинки во Струга, кој го продлабочи проблемот со листи за чекање за упис во градинки – токму во мандатот на ДПМНЕ отвора приватна градинка на неговиот контроверзен универзитет, каде се тепаа дури и просветни инспектори. Таканаречен универзитет, за кој и министерката за образование Весна Јаневска изјавуваше дека се констатирани неправилности, но наместо санкционирање – на овој универзитет се отвори приватна градинка, додека стружани не можат ни да си дозволат упис и во обична градинка, а камоли во приватна)“, вели Мојсоска.

Оттука, вели Мојсоска, се поставува прашањето дали Мицкоски е во коалиција со најкримогените елементи на ДУИ во Струга?

„Кој со кого се амнестира и кој со кого се пазари изминативе 35 години, на стружани им е многу јасно“, заклучува Мојсоска.

Премиерот Мицкоски на синоќешниот митинг во Струга вети изградба на нова градинка, за намалување на листата на чекање на која моментално има 400 деца, за која, како што рече, доколку не покаже разбирање Општината, тоа ќе го направела Владата преку ресорното министерство за труд и социјална политика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ