вторник, 9 декември 2025

Левица: Поминаа девет месеци од трагедијата во Кочани, а Собранието нема ниту една суштинска мерка

Пред почетокот на денешната седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Левица јавно ги повика пратениците од владејачкото мнозинство да присуствуваат и „да не бегаат од одговорност пред родителите и народот“, стои во соопштението на партијата.

Објавено на

часот

Сподели

Од Левица потсетуваат дека поминале девет месеци од трагедијата во која загинаа млади лица, а Собранието во целиот овој период не презело ниту една суштинска мерка. Партиијата обвинува дека највисокиот законодавен дом се однесувал „без слух за јавноста, со очигледна желба случајот да се заташка и заборави“, поради што, како што наведуваат, не смее да продолжи со „истата неодговорност“.

Според Левица, одржувањето на седницата зависи од присуството на пратениците од владејачкото мнозинство, членови или заменици-членови на Комисијата: Александар Велјановски, Миле Лефков, Ангелинка Петкова, Петар Ристески, Бране Петрушевски, Рашела Мизрахи, Игор Здравковски, Фериде Хаџиу и Весна Бендевска.

„Секој од нив има должност да се појави и да овозможи Собранието да ја изврши својата надзорна улога. Нема повеќе алиби, технички причини и други изговори“, порачуваат од партијата, додавајќи дека прашањето е директно поврзано со довербата на јавноста и со „елементарното човечко достоинство“.

Левица оценува дека мнозинството денес треба да го оправда мандатот и да присуствува на седницата, а доколку повторно има опструкции, тоа – како што велат – ќе биде доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвено „вистината да ја турне под тепих“.

Според соопштението, секое ново избегнување на седницата ќе покажело дека партијата „ја става сопствената удобност пред болката и гласот на родителите и народот кои бараат правда“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ