понеделник, 8 декември 2025

Левица поднесе претставка за распределбата на парите за кампањата за Локалните избори

Левица до АВМУ, ДИК, ДЗР, ДКСК и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација достави претставка за нацрт-Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Нацрт-упатството за ППР е противуставно и претставува политичка дискриминација  која Левица ја адресира до Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупцијата, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Со оваа претставка реагираме по повод нацртот на новото скандалозно и досега невидено и нечуено Упатство за радиодифузерите за Локалните избори 2025 година, кое е произволно, паушално и противправно толкување и извитоперување на смислата и духот на законските одредби.

Со ова Упатство се создаде драконски рестриктивна правна интерпретација, невиден скандал во историјата на независна плуралистичка Македонија и за првпат на една легална регистрирана партија ќе ѝ биде забрането да се рекламира дури и со свои пари. Ова е еклатантен облик на директна политичка дискриминација и повреда на еднаквоста и рамноправноста“, се вели во реакцијата на Левица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ