петок, 12 декември 2025

Левица побара, а Советот на Град Скопје изгласа луѓето со аутизам и Даунов синдром да добијат бесплатен паркинг

Советничката група на Левица во Советот на Град Скопје поднесе амандмани за измена на Програмата за повластен паркинг за лицата со попреченост. Оваа Програма опфаќа одредени категории на лица со попреченост,  но лицата со аутистичен спектар и Даунов синдром не беа опфатени, се вели во соопштението од Левица,

Објавено на

часот

Сподели

“Четири години од оваа говорница се бориме за измена на оваа Програма.Секогаш се наоѓаше некаков изговор да не се направи тоа.На лицата со попреченост им е доста од изговори.Родителите на деца со аутизам и Даунов синдром и онака имаат големи финансиски издатоци за лекување на нивните деца кои Фондот за здравство не ги рефундира, плаќаат приватно дефектолози и сл.така да плаќањето на паркинг простор им е дополнителен товар, бидејќи некои од нив оваа услуга ја користат секојдневно”, истакна во своето излагање Катерина Јовановска, координаторот на советничката група на Левица.

Од Левица појаснуваат дека иако првично од страна на Градот амандманите не беа прифатени, по излагањето на Јовановска Советот едногласно изгласал заклучок дека  Програмата ќе биде изменета и лицата со аутистичен спектар и Даунов синдром ќе добијат повластен паркинг.

Истото ќе важи и за лицата со попреченост кои што не живеат во Скопје,  а доаѓаат во главниот град за лекување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ