„Изживувањето кое се врши врз културните работници, особено по закажаните протести кои Синдикатот на култура ги замрзна заради дописот од Министерство за култура и изживувањето што се врши врз културата како целост, којашто е лик на една нација, всушност е показател на лицемерниот и ноншалантен однос на власта и нејзините загари кон репрезентот на еден народ и држава.
Левица апелира до сите чинители и одговорни министерства да си ги исполнат законските обврски и да не оставаат повеќе од 3000 вработени во културата на празна празнична трпеза, затоа што својата така себично како хиени ја бранат од народот!“, се вели во соопштението до јавноста од Левица.