„Станува збор за директно кршење на Законот за јавни набавки, кој предвидува дека сите набавки над 1.000 евра мора да се спроведуваат преку јавна, транспарентна тендерска постапка. Овде имаме класичен пример за судир на интереси и злоупотреба на службена положба“, велат од Левица.
Од партијата потсетуваат дека заменик-министерката Зеколи-Шаќири претходно била и портпаролка на Општина Чаир, што, како што велат, дополнително го засилува сомнежот за директна поврзаност и влијание во овој случај.
„Антикорупциската комисија мора веднаш да реагира и да отвори предмет. Наместо да го крие сертификатот на директорот на АНБ, конечно нека започне професионално да ја извршува својата работа“, порачуваат од Левица.