понеделник, 9 февруари 2026

Левица обвинува: Рамиз Мерко ја остави Струга жедна

Левица реагира на сериозниот недостиг на вода во Струга, укажувајќи дека проблемот е резултат на неодговорното работење на локалните власти, застарената инфраструктура и целосното отсуство на одговорност.

Објавено на

часот

Сподели

„Голготата на стружани оваа година продолжува и по завршувањето на летната сезона, а од локалната власт предводена од Рамиз Мерко нема никакви одговори“, стои во соопштението.

Од партијата посочуваат дека последната информација од надлежното јавно претпријатие е пред повеќе од две недели, кога беше соопштено дека поради високите температури повторно ќе има рестрикции.

„Рекордерот во кривични пријави, градоначалникот Рамиз Мерко, никаде го нема во јавноста да објасни што се презема за да се надмине овој сериозен проблем, со кој жителите на Струга се лишени од основното уставно и човеково право – пристап до чиста вода“, додава Левица.

Партијата нагласува дека катастрофалното и корумпирано владеење на сите досегашни локални власти, без сериозни инвестиции во модернизација на водоводната инфраструктура стара повеќе од 30 години, предизвикува енормни загуби на вода, чии последици ги чувствува населението.

„Иако пред три месеци министерот Изет Меџити помпезно најави капитална инвестиција за реконструкција на водоводната мрежа, на терен реалноста е поинаква – проектот сè уште не е започнат. Иронијата е уште поголема затоа што додека Меџити промовираше ’Чиста вода за Струга’, на крајот на септември граѓаните воопшто немаат вода“, се наведува во реакцијата.

Левица порача дека е време да се стави крај на корумпираното владеење на естаблишмент партиите, кои 35 години демонстрираат неспособност да обезбедат основни услови за живот. „Елитите кои три децении ги создаваат проблемите, не можат да бидат истите што ќе ги решат“, истакнуваат од партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ