четврток, 29 јануари 2026

Левица обвинува дека антикорупционерката Ристовска не пријавила имот на нејзините деца

По разобличувањето на октоподската мрежа во Државната комисија за спречување на корупцијата и улогата на Цвета Ристовска во забошотувањето чувствителни предмети и амнестирање функционери од ДПМНЕ, денес отвораме уште посериозен и поалармантен аспект: членката на антикорупциската комисија, Цвета Ристовска, иако во согласност со законот е должна да поднесе навремен, вистинит, детален, целосен анкетен лист со целиот свој имот, но и со имотот на своето семејство – самата свесно го прекршила законот!, се вели во соопштението од Левицата.

Објавено на

часот

Сподели

„Во согласност со законот, секој функционер е должен да поднесе точен, целосен и вистинит анкетен лист за својот имот и за имотот на членовите на семејството. Тоа важи двојно за член на ДКСК – институција што изрекува прекршочни санкции и поведува постапки токму за непријавување, прикривање или неточно пријавување имот!

Сепак, Цвета Ристовска, иако била должна, не ги пријавила фирмите на своите деца во анкетниот лист. И не станува збор за формална грешка, туку за свесно изоставување податоци, кои законски морале да бидат внесени, а образецот на анкетниот лист содржи токму такви полиња!“, наведуваат од Левица.

Според партијата, логично се наметнуваат прашањето:
Дали Цвета Ристовска ќе се казни сама себе? Или, како и во сите случаи поврзани со власта на ДПМНЕ, така и овој таа ќе го затвори, релативизира или заглави во некоја фиока?

„Станува збор за членка на тело што во изминатиот период систематски ги амнестира од одговорност функционерите на ДПМНЕ – од сомнителни дипломи преку судир на интереси до милионски тендери… и секогаш ‘не се наоѓаше ништо спорно’. Денес, истата оваа членка се соочува со фактот дека самата го прекршила законот.

Ова повеќе не е само институционален пропуст, туку многу повеќе е прашање на интегритет и кредибилитет. Антикорупциската комисија, во која член што затвора предмети за власта, а во исто време прикрива сопствена имотна состојба, не е чувар на јавниот интерес, туку дел од партиско-коруптивниот механизам.

Левицата јавно прашува:
Ќе има ли истрага и за Цвета Ристовска? Ќе важи ли законот и за оние што треба да го спроведуваат? Или октоподот ќе продолжи да ги штити своите пипала, дури и кога тие седат во самото срце на „антикорупцијата“? Дали ДКСК планира најавените контроли да ги почне од сопствениот двор?

Утре, Левицата ќе објави и зошто Цвета Ристовска свесно ги прикрила овие фирми“, се вели во соопштението на Левица.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ