Од Левица наведуваат дека со ова јасно се става до знаење дека еден од главните фокуси на нивната кампања ќе биде решавањето на хроничните проблеми со водоснабдувањето во Скопје и воспоставување силни и ефикасни јавни претпријатија, ослободени од приватни интереси.
„Нашата кандидатура е отворен повик до скопјани активно да се приклучат во движењето за подобро Скопје и заедничко решавање на секојдневните проблеми. Веќе во првите 24 часа од објавата започнаа да се приклучуваат активисти и експерти од различни области“, велат од тимот на Мециновиќ.
На ова реагираа од ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи дека кандидатурата на Мециновиќ е „дил на Левица за помош на ДУИ и СДСМ, со цел Орце Ѓорѓиевски да не победи уште во првиот круг“.
„Затоа Левица не можеше да најде друг кандидат и го кандидираа токму пратеникот Амар Мециновиќ“, се наведува во реакцијата на партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ го прашаа Мециновиќ дали ќе си поднесе оставка од пратеничката функција, потсетувајќи дека лидерот на Левица, Димче Апасиев, претходно барал пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се кандидати за градоначалници да поднесат оставки.






