„Скандалозните јавни обвинувања дека „Левица убива деца“ (!?) не се само злонамерни, налудничави и целосно неосновани, туку претставуваат директно поттикнување омраза и загрозување на безбедноста на нашите членови! Дополнително, прогласувањето на сите левичари за ‘психопати’ од некој кој со децении е носител на високи извршни функции во државната администрација, а со тоа и директен креатор на нездравото социјално опкружување, во најмала рака е игнорантно, неодговорно, а во неговиот случај и простачки.
Политичката злоупотреба на трагичниот настан во Прилеп, преку негово паушално поврзување со Левица, претставува циничен и безобзирен обид за политичко профитирање врз истиот. Наместо одговорност, гледаме подмолна манипулација со цел дискредитација на политички противници од страна на власта“, велат од Левица.






