недела, 7 декември 2025

Левица бара одговорност од обвинителот кој една година во фиока чува предмет за дивоградба во Струга

Точно една година трае институционалниот молк со познатата дивоградба во центарот на Струга, која узурпира државен имот и покрај кривичната пријава што ја поднесов. Следен чекор е претставка пред Советот на јавните обвинители против обвинителот кој го држи во фиока овој предмет, вели Јована Мојсоска, кандидатка за градоначалник на Струга.

Објавено на

часот

Сподели

Мојсоска вели дека иако изминало една година од кога ја поднела кривичната пријава за бесправна градба, сепак нема никаква реакција од Јавното обвинителство (ЈО).

„По последната поднесена ургенција, деновиве добив известување од градежен инспектор дека е поставен службен знак за затворање на градилиштето и дека е издадено Решение за прекин на градење. Но, и покрај овие формалности, фактичката состојба е дека секој ден дивоградбата се доградува и работници секојдневно работат на овој објект. Најповикан орган за постапување за овој криминал во центарот на градот е ЈО Струга и затоа, ќе ги искористам сите механизми за да добијам одговор кој е јавниот обвинител кој го штити дивеењето на градежната мафија во центарот на Струга“, вели Мојсоска.

Она што загрижува, вели Мојсоска е тоа што кога ја поднела првата кривична пријава зградата што се гради имала само еден спрат.

„Денес веќе се гради третиот спрат незаконски, во самата зона на заштитено подрачје. Следниот чекор е претставка пред Советот на јавните обвинители против обвинителот кој го држи во фиока овој предмет, како тело кое одлучува за несовесно и нестручно вршење на функцијата јавен обвинител. Доста е од празни флоскули за реформи во правосудство – одговорноста мора да биде персонализирана!“, вели Мојсоска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ