четврток, 25 декември 2025
Локални избори 2025

Левица: Амар Мециновиќ сигурно влегува во вториот круг за градоначалник на Скопје

Сѐ поизвесно станува дека нашиот кандидат за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ влегува во втор круг, соопшти портпаролот на Левица, Круме Богески.

Објавено на

часот

Сподели

Богески рече дека Левица има повеќе гласови од СДСМ во три скопски општини.

„Исклучително сме задоволни од резултатите коишто ги постигнуваме коишто континуирано се ажурираат. Имаме информации дека во урбаните средини како што се Кисела Вода, Аеродром и Карпош сме втора партија веднаш после ВМРО-ДПМНЕ и имаме водство пред СДСМ со тоа што имаме повеќе советници. Во однос на Велес имаме повеќе од СДСМ на советничката листа. Имаме позитивни резултати, исто така, и во Гостивар, додека останатите урбани средини, како што е Кавадарци, ни се зголемуваат советничките места, од едно на две“, рече портпаролот Богески.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ