четврток, 11 декември 2025

Летен камп на младите на ЗНАМ

Од 29 до 31 август во Струга ќе се одржи првиот Летен камп за млади на движењето ЗНАМ, настан што ќе ја обедини младата енергија, визијата и љубовта кон татковината, изјави Мила Петрушевска на денешната конференција за медиуми на ЗНАМ. Таа нагласи дека со ова се отвора едно ново поглавје во работата на партијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Овој камп за нас претставува повеќе од собир – тој е младинска лабораторија за идеи, можност за младите да учат, да се инспирираат и да изградат визија за една поинаква, помодерна Македонија“, рече Петрушевска.
На кампот ќе се обработат теми што директно го засегаат младинското
делување и политичкиот активизам: политичките партии како лаборатории за идеи;
политичките идеологии како основа за креирање на јавни политики, вредности и принципи; lокалните избори – eтика, интегритет и избори; oснови на јавно говорење и реторички вештини.
Своето знаење и искуство на младите ќе им го пренесат врвни експертi, меѓу кои Деспот Ковачевиќ, универзитетски професор на Факултетот за политички
науки во Белград, Бисера Шегмановиќ, специјализиран обучувач за јавно говорење и
реторика, поранешна претседателка на Клубот на оратори при Правен
факултет „Јустинијан I“ во Скопје, Ненад Марковиќ – универзитетски професор на Правен факултет „Јустинијан I“ во Скопје.
Петрушевска нагласи дека во рамките на кампот ќе се одржи и работилница
на тема „Демократијата во практика – од идеја до реализација“, како и
практични вежби за јавен настап, со што младите ќе стекнат практични
знаења и самодоверба за активно учество во политичкиот и општествениот
живот.
„Претседателот на движењето ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски, ќе присуствува на кампот со младите, ќе ја сподели својата визија и ќе ги охрабри младите да ги следат своите идеи со храброст и љубов кон татковината. Свое обраќање ќе има и претседателот на Градската организација на ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ, кој ќе ја поддржи младинската енергија и ќе ја истакне клучната улога на младите во градењето на одговорни и динамични локални заедници“, рече таа.
„Посебен акцент на кампот ќе биде и иницијативата за формирање на Клуб на млади на ЗНАМ, кој ќе претставува долгорочна платформа за младинско организирање, идеи и лидерство. Овој камп за нас претставува искра што ќе го разбуди огнот на
младинските идеи. Младината на движењето ЗНАМ ќе учи, ќе пробува, ќе создава, ќе се бори и ќе верува – секој ден, секој момент. Од Струга ќе тргне енергија што ќе се шири низ целата земја, енергија на луѓе храбри, креативни и полни со љубов кон Македонија, подготвени да ја градат земјата каква што ја сакаат. Ова е почеток на нова приказна, приказна во која младите остануваат, вложуваат срце и душа и со секој чекор ја градат Македонија посветла, посилна и побогата со надеж и љубов“, рече Мила Петрушевска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ