четврток, 5 февруари 2026

„Летаат“ оставки во СДСМ, Куновски и Митовски не се повеќе претседатели на ограноците во Битола и Крива Паланка

Методија Куновски и Сашко Митовски не се повеќе претседатели на општинските организации на СДСМ во Битола и Крива Паланка откако денеска поднеле оставки на своите функции. Во меѓувреме, поранешниот градоначалник на Град Скопје и поранешен висок функционер во партијата Петре Шилегов побара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Објавено на

часот

Сподели

Во обраќањето до јавноста преку својот фејсбук профил, Куновски вели дека одлуката ја донел по темелна и одговорна лична и политичка проценка и таа е резултат на подолг процес во кој, тој, како претседател, се соочил со сериозна дилема помеѓу чувството на обврска и одговорност кон организацијата и впечатокот дека принципите што јавно ги застапуваме, во пракса сѐ потешко се остваруваат.
„Социјалдемократијата во која верувам, не е декларација, туку вредносен систем што мора да се живее секојдневно – низ транспарентност, вклученост и политичка одговорност. Функцијата ја прифатив со искрена и чесна намера да придонесам во јакнењето на организацијата, нејзино отворање кон членството и враќање на довербата кај граѓаните. За жал, во текот на изминатиот период сѐ поизразени станаа практики кои не се во согласност со моите лични принципи, како и со вредностите на социјалдемократијата. Не можам и не сакам да носам функција без суштинска можност за влијание, ниту да бидам формално присутен во процеси со кои суштински не се согласувам. Сметам дека политичката и моралната одговорност налага јасен став и чесен чекор, особено кон членството и кон граѓаните на Битола“, напиша Куновски на фејсбук.
Тој вели дека оставката не претставува откажување од социјалдемократската идеја, туку обид да се зачува нејзиниот интегритет и кредибилитет.
„Останувам член на СДСМ и активен граѓанин кој ќе продолжи јавно да се залага за вредностите поради кои воопшто влегов во политиката. Историјата нè учи дека партиите не ги губат изборите тогаш кога губат власт, туку тогаш кога ќе ја изгубат храброста да се погледнат себеси во очи“, вели Куновски во обраќањето до јавноста.
Инаку Куновски на последните Локални избори 2025 беше кандидат на СДСМ за градоначалник на Битола.
Веднаш по оставката на Куновски, оставка од функцијата член на Извршниот одбор поднесе и Александар Палигора.
„Одлуката не беше лесна. Во изминатата година како член на Извршниот одбор вложив многу од себе, време, енергија, емоции, наидов на тешки ситуации, оваа одлука не е донесена набрзина туку по внимателно размислување и анализирање на сите случувања во последниот период во Социјалдемократски сојуз на Македонија особено по Локалните избори 2025. Оттука сметам дека е неопходна одлуката за повлекување. Останувам член на СДСМ и борец за социјалдемократијата!“, напиша Палигора.

Попладнево оставка од претседател на Општинската организација на СДСМ во Крива Паланка поднесе и градоначалник Сашко Митовски.

Во оставката на Митовски адресирана до лидерот на партијата Венко Филипче и генералниот секретар Саша Димитријевиќ пишува дека е истата е неотповиклива и дека водејќи се од вредностите кои СДСМ ги застапува е најкоректниот чин од него.

Ова е втора оставка по изборот на новото раководство на СДСМ.

Во меѓувреме, поранешниот градоначалник на Град Скопје и поранешен висок функционер во партијата Петре Шилегов побара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

“Македонското законодавство познава убиство од небрижност. Познава и убиство со умисла, но не познава (само)убиство со умисла !!!! Или тешка Ви е одговорноста ? Или Ви тежи договорот ? Или си СДСМ или си тезгарош. Бидејќи можеби многумина не разбраа, ДА! Барам оставка од ‘претседателот’ на СДСМ,” напиша Шилегов на фејсбук.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ