недела, 14 декември 2025

Летаа дронови, труеше од Вардариште, да дојде градоначалникот на протест

Од вечерашниов, 21. по ред протест на крстосницата пред мостот Близнак во Аеродром од иницијативата Стоп за Вардариште беше соопштено дека малку пред 3 часот утрово летале дронови над депонијата, по што смрдеа и чад ја обвија населбата.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

Иницијаторите уште еднаш го повикаа градоначалникот Дејан Митески да дојде на протестот и да каже дали меѓу иницијаторите и говорниците гледа партиски кадри. Навикнати сме, беше речено, на лепење етикети, но од борбата за чист воздух и решавање на проблемот со Вардариште не се откажуваме.

“Таа борба нема врска со партии, овие луѓе тука и немаат верба во партиите и нивните верувања. Сакаме да дојде градоначалникот на Аеродром и пред нас да ги соопшти своите заложби во однос на депонијата и за чиста животна средина и воздух. Ако неговите ветувања се искрени и добри, нема причина да не почнат да се реализираат веднаш, пред избори, и нема причина да не го гласаме. Нам не ни е важно кој има власт, важно е дали работи за граѓаните и за животната средина”, беше речено.

Иницијаторите потсетија дека до четврток е рокот за добивање одговор од централната и од локалните власти на Аеродром и Гази Баба на барањата што беа испратени во саботата. Ако одговор не се добие, како што беше нагласено, в петок во 7 часот утрото ќе биде блокирана истата крстоносница, а со редовните протести во 18 часот ќе се продолжи сè додека Вардариште и практично не биде затворено. На првите барања што беа доставени до властите на 10 септември не беше добиен одговор, по што иницијаторите на протестите испратија нови, проширени барања.

Се бара, меѓу другото, затворање и оградување на Вардариште, физичко обезбедување, камери, иселување на нелегалните жители на депонијата и нивно згрижување на друга локација, чистење на просторот.

П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ