Таа вели дека во СЈО често влегувале адвокатите на тогашниот премиер Зоран Заев и министри од СДСМ.
Кадриу раскажува како Владимир Панчевски, екс претседателот на Кривичниот суд во Скопје, бил таргет од страна на СЈО и како му монтираа предмети бидејќи во тој момент како претседател на Кривичен суд им застанал на патот на нивното незаконито работење и барал да работат како што налага законот и не им давал предмети да излегуваат надвор од Судот.
Тој бил мета на СЈО и зборувале дека по секоја цена Владимир Панчевски не смее да биде таму за да не им смета во нивните незаконски дејствија.
Потоа додава дека не можеле да му најдат ништо незаконски, па почнале да му измислуваат предмети со АКМИС системот, а како што работел тој, работеле и другите претседатели на останатите судови – и на Врховен и на Апелација и на Управен итн. Меѓутоа Панчевски бил метата, бидејќи не соработувал со нив во нивните незаконски дејства и по секоја цена морало да го тргнат.
И планот им се оствари, вели Кадриу.
„Му измислија дело со монтиран судски процес на еден од најстручните и најеминентните правници во Македонија, кој заврши во затвор – претседател на Кривичен суд кој во тоа време на анкетите за правосудство имаше доверба во судството повеќе од 50%, а не како изминативе 7-8 години со 2% рејтинг доверба во судот“.
Кадриу вели дека не била „тимски играч“ затоа што одбивала да работи на предмети темелени на прислушувани разговори за кои нема прием и попис кој ги предал во СЈО, на предмети по налог на Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и Зоран Заев кои често имале средби во СЈО со обвинителите.
Според неа, СЈО фактички го водел Гаврил Бубевски, а Катица Јанева била избрана за таа функција, само заради нејзите амбиции да биде популарна, бидејќи ни според искуство во обвинителството немала капацитет за тоа.
Во тоа време немале стручен овластен финансиски и сметководствен експерт, туку за финансиите се грижела заменичката на Катица Јанева, обвинителката и заменик на Катица, Елизабета Јосифовска која рекла „дека се разбира во финасиисте, затоа што мајка ѝ ја учела на тој занает“…






