понеделник, 15 декември 2025

Лефков: Шоферот на Заев подметнувал пожари, Македонија гори, а СДС креира паника

„Шоферот на Зоран Заев подметнува пожари, Македонија гори, а СДСМ и нивните апологети креираат атмосфера на паника. Тоа е планот на СДС што пропадна вчера“, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, на денешната прес-конференција.

Објавено на

часот

Сподели

Според него, лице осомничено за подметнување пожари, идентификувано како А.Н., е дел од најтесниот круг на поранешниот премиер Зоран Заев.

„Ако А.Н. бил проверен човек на Заев и лице од највисока доверба, не може, а да не прашаме по чија насока дејствувал сега кога ги палел пожарите?“, праша Лефков, обвинувајќи дека зад дејствијата на шоферот стои поширока политичка позадина.

Лефков оцени дека „шоферот на Заев е жив фатен, а со тоа и СДС“, и упати директна порака и до претседателскиот кандидат Венко Филипче.

„Венко Филипче нема излез од ова. Има само една опција – да се огради од Заев и да го осуди палењето на пожарите што ги прават нему блиски лица. Ако продолжи да молчи, само ќе потврди дека е едно со Заев и дека ја спроведува неговата политика и агенда“, порача Лефков.

Од ВМРО-ДПМНЕ упатија критика и до Јавното обвинителство, со очекување дека ќе постапи по случајот без, како што велат, „заштита за СДСМ и нивните кадри кои ја палат државата со години“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ